Роналдо по катастрофата против Милан се утеши со ново – Ферари!

Екипата на Јувентус е на добар пат да не обезбеди место за настап во Лигата на шампионите (ЛШ) следната сезона, по завчерашниот неочекуван дебакл на домашен терен против Милан (0-3), но тоа не беше пречка најдобирот фубалер Кристијано Роналдо да си се поднови со нов модел на Ферари.

Португалецот и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, во текот на вчерашниот дел беа во посета на фабриката на Ферари, како специјални гости на Џон Елкан, првиот човек на компанијата „Ексор“, која ги поседува Јувентус и Ферари. Роналдо од прва рака дозна како се произведуваат луксузните автомобили, а според „Калчомеркато“, напаѓачот ја искористил можноста дома да си замине со ново Ферари.

На крајот од специјалната тура, ѕвездата на Јуве се сретна и со Формула 1-возачите Шарл Леклер и Карлос Саинц и заедно позираа пред болидот на Ферари.