Родриго за малку ќе завршел во Ливерпул, ама „црвените“ биле - циции!
Родриго по фантастичниот дуел против Галатасарај би можел да добие поголема минутажа во првиот тим на „кралевите“. Сепак, малку недостигало Родриго да се пресели во Англија, а според зборовите на поранешниот фудбалер на Шахтер и Манчестер сити, Елано, Ливерпул бил решен да го ангажира, но сумата не била доволна.
„Во еден период Ливерпул беше заинтересиран за него. Но, понудите беа мали, но на крајот Реал се појави со 30 милиони поголема понуда“, кажа Елано.
Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез очигледно бил свесен за квалитетот на бразилскиот фудбалер, па поради тоа не ги штедеше парите.