Ристовски стана миленик на навивачите зашто не си оди од Спортинг (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски од своето деби за Спортинг Лисабон, по доаѓањето од хрватска Риека беше посочуван од навивачите на зелено-белите дека е добро заслување во во сегашниот турбулентен период тој и уште неколкумина фудбалери едноставно станаа – миленици.

Откако најголемиот дел од ѕвездите на Спортинг како Баст Дост, Руи Патрисио, Вилијам Карваљо, Желсон Мартинес ја прекинаа соработката со португалскиот клуб поради нападот што хулигани го извршија врз тренинг-капмот, Ристовски веќе извесно е дека ќе остане во Лисабон. И сето тоа наиде на големо воодушевување кај дел од навивачите.

Една од твитер-страниците на Спортинг вее посочи дека Ристовски заедно со Коатес, Пичини и Матју се мажи со големо М. Затоа што решиле да не ги предадат четирите милиони навивачи на Спортинг.

„Што да кажам за Коатес, Пичини, Метју и Ристовски, освен дека се мажи со големо М. Со чест, карактер, лојалност, посветеност – автентични херои. Ви благодарам што не ги напуштивте четирите милиони спортингистас, младите, децата, категориите у15, у17, у19...“, стои во објавата.