Реми без голови на Лацио и Аталанта по мерак на Јуве

Лацио и Аталанта одиграа реми без голови вечерва во рамките од 23-то коло во италијанската Серија А, па најрадосен е најтрофејниот клуб Јувентус, кој сега е на само два бода од бергамашите и една победа ќе го врати на позициите за Лигата на шампионите.

Во мечот на кој немаше премногу шанси, Лацио само еднаш директно шутна, а Аталанта двапати, мрежите останаа нечепнати во пресметката на кандидатите за Европа, па бергамашите сега со 43 бода од 22 меча се на четвртото место, само два пред Јувентус, додека Лацио е на 36 веднаш зад „старата дама“.

Аталанта која имаше извонредна серија кон крајот на ланската 2021 година, сега влезе во мини-криза, иако нема пораз од 18 декември, но три од четирите последни мечеви им се со реми и со тоа веќе ја загубија добрата предност што ја имаа пред „старата дама“.