Реал Мадрид му нуди примамлива понуда на Малдини

Италијанските медиуми некое време шпекулираат дека легендата на Милан, Паоло Малдини на крајот на сезоната би можел да го напушти клубот од „Сан Сиро“.

Доколку се случи тоа, Малдини не би чекал премногу за нов ангажман, зашто цела ситуација ја следи Реал Мадрид, кој е подготвен да му ја понуди позицијата на спортски директор.

Малдини, наводно, е заинтересиран за понудата, но прво го чека развојот на ситуацијата во Милан, по што ќе знае каде ќе ја продолжи кариерата.