
Реал Мадрид донесе одлука за носот на Мбапе!
Мбапе вчера пред 80.000 фанови на Сантијаго Бернабеу имаше спектакуларна презентација. По неа фудбалерот замина на заслужен одмор. Но, пред да го напушти Мадрид, имал консултација со лекарскиот тим за повредата на носот.
Одлуката била да не оди на операција, а нова контрола ќе му биде направена кога ќе пристигне на подготовките. Прогнозите се дека проблемот ќе се реши без оперативен зафат.
Откако Мбапе заработи скршеница за време на Европското првенство, се говореше дека треба да му биде извршена операција, но мадридските доктори не мислат така.