Реал ја растури Мајорка: Хет-трик на Асенсио, два гола за Бензема! (ВИДЕО)

Реал Мадрид игра одлично оваа сезона под водство на Карло Анчелоти, па така запиша уште еден триумф во Ла Лига, и тоа овој пат против Мајорка од 6-1.

Карим Бензема прв ја погоди мрежата на Мајорка за 1-0, по што Маркос Асенсио постигна хет-трик за „кралевите“, а на спротивната страна во листата на стрелци се запиша Ли Канг-Ин (4-1).

До крајот на натпреварот Бензема постигна и втор гол, додека Иско ја запечати победата на шпанскиот гигант (6-1).

Реал има 16 бодови и се наоѓа на прво место, односно има два бода повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид.

На последниот меч од денешната програма во шпанското првенство Вилјареал славеше со 4-1 против Елче.