Реал им се врати на победите: Мбапе и Винисиус го решија Алавес (ВИДЕО)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид им се врати на победите во Ла Лига, откако вечерва на домашен терен славеше против Алавес со 2-1 во 32. коло од шампионатот.

Килијан Мбапе успеа да погоди за предност во 30. минута од натпреварот, додека Винисиус Жуниор зголеми на 2-0 во 50. минута.

Алавес успеа да намали на 1-2 во третата минута од судиското надополнување кога Мартинез ја затресе мрежата на домаќинот. Сепак, гостите немаа сила за уште еден погодок до крајот.

Реал е втор во Ла Лига со 73 бодови, односно шест поени помалку од лидерот Барселона.

Бетис претходно успеа да освои три бодови против Жирона со победата од 3-2.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.