Реал и Атлетико викендов нема да ги играат мечевите во Ла Лига

Мадридските гиганти Реал и Атлетико викендов нема да ги одиграат своите мечеви во рамките од деветото коло во Ла Лига со Атлетик Билбао односно Гранада, поради големиот број на јужноамериканци кои имаат обврски кон своите репрезентации и нема навреме да може да се вратат во Шпанија.

Ла Лига им излезе во пресрет на мадридските клубови, како што тоа го стори во случајот со Барселона и Севилја во минатиот месец, а сето тоа е поради хаотичниот календар најмногу предизвикан и од актуелната пандемија со ковид-19.

Јужноамериканците имаат уште едно коло за играње, а двата клуба имаат огромен број на фудбалери од овој континент, па фудбалерите нема да може да стигнат на Пиринеите. Ла Лига им излезе и во пресрет на двата мадридски клубови за подолга подготовка за претстојните мечеви во Лигата на шампионите следната недела.