ПСЖ ја покажа својата моќ против Стразбур! (ВИДЕО)

Одличен натпревар беше одигран во 26. коло од француската Лига 1 помеѓу ПСЖ и Стразбур, а на крајот „светците“ успеаа да слават со 5-2.

Домаќините ги шокираше Ахолу со погодок во шестата минута и многумина помислија дека ќе се повтори истото сценарио од првиот нивни меѓусебен дуел оваа сезона, но набрзо Дракслер, Нејмар и Ди Марија ја уништија надежта на гостинските навивачи, откако ПСЖ стигна до пресврт од 3-1 во првите 45 минути.

Во продолжение од средбата, поточно во 67. минута Баокен стрелаше за намалување на 3-2, но потоа Кавани со своите два голови ги постави конечните 5-2 за Парижаните.