Пресврт во Загреб: Адеми се предомислил и сака да остане во Динамо?

Македонскиот репрезентатвец Аријан Адеми, сепак ќе остане во екипата на Динамо Загреб, иако беше објавено дека ги договорил неговите услови за трансфер во Ал Наср, односно во Обединетите Арапски Емирати, каде што требало да заработува огромно богатство.

Хрватските медиуми најпрво објавија дека капитенот на Динамо веќе се договорил и се очекуваше негово заминување во новиот клуб, но потоа Адеми разговарал со тренерот Ненад Бјелица и му кажал дека сака да остане.

„Да, се појавија шпекулации за Адеми, тој доби неверојатна понуда, а во таа ситуација добро ќе поминеше и клубот. Ние не сакавме да му правиме никакви проблеми, Адеми има 28 години и заслужи сам како ќе ја развива неговата иднина. Јас како тренер им давам дозвола на фудбалерите сами да бираат. Сепак, Адеми реши да остане во Динамо. Вели дека не сака да го напушти клубот, освен ако не дојде некоја понуда од најдобрите пет лиги во светот. Секако дека ја почитуваме неговата одлука“, открива Бјелица.