Пред пет години ги продаде за 94,5 милиони евра, а сега ги врати бесплатно!

Лион направи два одлични трансфери ова лето, откако во тимот ги врати Корентин Толисо од Баерн Минхен и Александре Лаказет, а интересно е тоа што пред неколку години ги продадоа за голема сума на пари.

Францускиот тим на нивните трансфери заработи 94,5 милиони евра, односно Толисо беше платен 41,5 милиони, додека Лаказет чинеше 53 милиони евра.

Пет години подоцна Лион си ги врати фудбалерите и направи одличен потег, а раководството се надева дека тие ќе му помогнат во борбата за местата во Лигата на шампиони (ЛШ).