Повеќе не е во плановите на Солшер: Матиќ се сели во Серија А

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, наредното лето ќе се пресели во Серија А, пишуваат италијанските медиуми. За него голем интерес покажаа екипите на Интер, Милан и Јувентус.

Србинот има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната, а раководството има можност да ја продолжи соработката за уште една година. Судејќи според потезите на менаџерот Оле Гунар Солшер, тоа нема да се случи.

Србинот е само трета опција на позицијата последен играч од средниот ред, зад Пол Погба и младиот Скот Мектоминеј, кој се појави од младинските категории на клубот. Затоа Матиќ минатата недела изјави дека е фрустриран и дека сака да си бара нов клуб.

Агентите на Матиќ веќе се во контакт со италијанските клубови Интер, Милан и Јувентус уште од летото. Тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте многу добро го познава Србинот, со кого работеше во Челси. Покрај тоа, раководството на Интер и Јунајтед добро функционираат заедно, бидејќи Италијанците донесоа две засилувања ова лето од „Олд Трафорд“, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.

Исто така во игра е и Милан, кој бара опција за искусен играч од средниот ред.