Покетино го замени Меси, навивачите побараа веднаш да биде – избркан (ФОТО)

Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино, неочекувано го остави во соблекувалната Лионел Меси на полувремето од мечот против Лил во моменти кога парижани губеа со 0-1, што предизвика голем револт кај навивачите на овој тим.

Аргентинецот средбата ја заврши предвреме поради наводна одбрана, но тоа не беше пречка на социјалните мрежи да се појават коментири преку кои се бара негова оставка. Актуелниот француски шампион поведе со голот на Џонатан Давид, а една од причините за тоа беше бледата игра на Меси, но и на Нејмар и на Ди Марија.

На полувреме во игра влезе Мауро Икарди, што донесе нешто подобра игра и изедначување на резултатот преку Маркињос во 74. минута.