Пике ќе помине полошо од Рубиалес - кој зема 24 милиони евра од С. Арабија?
Директорот на националниот центар за обука на тренери, Микел Анхел Галан кажа дека и Пике би можел да биде во истрага поради доделувањето на организацијата на Суперкупот на С. Арабија.
„Може да помине полошо од Рубиалес. Пике најверојатно ќе оди на сослушување, затоа што е обвинета неговата компанија. Станува збор за 24 милиони евра, кои се исплатени преку незаконски провизии“, вели Галан.
Шпански „Ел Конфиденсијал“ објави пред две години дека Рубиалес со Пике договорил повеќемилионска провизија за преселбата на Суперкупот од Шпанија во С. Арабија.