Пеп му возврати на Мурињо: Да паркирам автобус? Попрво би ја завршил мојата кариера

Менаџерите на Манчестер јунајтед и Манчестер сити, Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, максимално ја подгреаја атмосферата пред градското дерби кое се игра вечерва од 17 и 30 часот.

„Црвените ѓаволи“ ги пречекуваат „граѓаните“ со осум бода негатива во борбата за првото место во Премиерлигата. Воочи 175-от меѓусебен дуел, Сити има 14 победи и само едно реми на 15 одиграни натпревари, а со победа на „театорот на соништата“ би побегнал на +11 и би ја решил шампионската трка.

Мурињо пред почетокот на натпреварот, нагласи дека се плаши од симулирање на ривалот и дека „да ги дувне ветер, фудбалерите на Сити почнуваат да паѓаат и глумат“.

На Гвардиола не му требаше многу, па веднаш возврати и потенцираше дека никогаш во кариерата не практикувал и нема ни да практикува тактика „автобус“.

„Никогаш не сум гаел дефанзивен фудбал. Јас сакам да играм, сакам кога мојот тим ја топката во свои нозе и така ќе се однесуваме и на овој натпревар. Верувајте, попрво би ја завршил својата тренерска кариера отколку да одлучам да го „паркирам автобусот“ и да се бранам“, изјави Шпанецот и така јасно го пецна својот колега.

Гвардиола и Мурињо се стари ривали, водеа жестоки битки и како тренери на Барселона и Реал Мадрид, а ова ќе им биде 20-ти дуел. Португалецот победил во само четири наврати, односно двојно помалку од Шпанецот.