Мурињо ја почна војната: Играчите на Сити се – глумци!

Битката за Манчестер помеѓу Јунајтед и Сити утре од 17.30 часот на „Олд Трафорд“ ќе биде прв голем испит за шампионските амбиции на Жозе Мурињо и „црвенита ѓаволи“, сооглед дека го дочекуваат неприкосновениот лидер во Премиерлигата.

Манчестер сити предводен од Пеп Гвардиола има само едно реми во 15 меча и фантастични 46-10 по 15 рунди во најсилното првенство, па Жозе Мурињо во свој стил почна специјална војна против големиот ривал уште од шпанското „ел класико“, кога контроверзниот Португалец беше тренер на Реал Мадрид, а Шпанецот на Барслеона

„Ако ме прашате една работа која многу не ми се допаѓа е што тие многу лесно го губат балансот . Малку да дувне и тие паѓаат“, рече Мурињо.

Гвардиола на „Олд Трафорд“ сака да постави премиерлигашки рекорд со 14 победи во низа, па во војната на зборови не потпадна под притисокот на мајсторот за тоа, Мурињо иако не пропушти дда му врати.

„Имаме организиран тим за противник, противник кој знае да ве казни кога ќе загубите топка, противник кој има фантастична контра. Тимовите на Мурињо, од Челси, Реал Мадрид, сега Јунајтед се мајстори за тоа. Кога ќе имаме 33 шута против вас, а ќе победите со 3-1, тоа е голема слика. Малку тимови можат такво нешто. Затоа мора да бидеме внимателни, а јас не ги критикувам моите колеги за тоа како игра нивниот тим“, рече Гвардиола.

На програмата е 175-то дерби на Манчестер. Јунајтед има осум бодови заостаток зад својот градски ривал од „Итихад“.