Партизан по очајниот старт ќе се засили со екс-фудбалер на Рома и Интер!

Српскиот фудбалски гигант Партизан очајно ја почна новата сезона и по првите неколку кола наместо на врвот е во зоната за испаѓање, поради што управата на клубот бара засилувања со кои би се влегло во серија победи.

Прв на листата желби е српскиот репрезентативец Адем Љајиќ, кој е слободен фудбалер, а чиј последен клуб е Бешикташ. Тој десет месеци е без клуб, но тоа не е пречка за црно-белите да влезат во сериозни преговори со неговиот менаџер.

Љајиќ е поранешен фудбалер на црно-белите, со кои ја освои двојната круна во сезоната 2008/09, а има играно уште и за Фиорентина, Рома, Интер и Торино.