Пандев доби 23 минути, Интер без проблеми ја „нокаутираше“ Џенова (ВИДЕО)

Интер победи против Џенова во 36. коло од Серија А со 3-0, а македонскиот репрезентативец Горан Пандев влезе во игра во 70. минута од мечот.

Ромелу Лукаку постигна гол за водство на „нераѕурите“ во 34. минута од дуелот, по што Алексис Санчез зголеми на 2-0 во 83. минута. Додека конечните 3-0 ги постави Белгиецот пред самиот крај.

Интер е второпласиран со 76 бодови, односно четири помалку од лидерот Јувентус.