„Олимпико“ плачеше по својот капитен: Де Роси се прости од Рома (ВИДЕО)

Даниеле де Роси вечерва го одигра последниот натпревар во дресот на Рома во победата од 2-1 против Парма во рамки на Серија А.

По дуелот имаше многу емоции на „Олимпико“. Де Роси беше во солзи, како и неговиот поранешен соиграч Франческо Тоти, но и тренерот Клаудио Раниери. Плачеа и навивачите, но и самиот Де Роси.  

Исто како и Франческо Тоти, така и Де Роси целата своја кариера ја мина во дресот на „волчицата“. Дебитираше за првиот тим во 2001 година, а претходно ги мина сите младински категории во клубот. Одигра вкупно 615 натпревари и постигна 63 голови.