ОФИЦИЈАЛНО: Манчини две години селектор на Италија

Најавите се официјализираа. Роберто Манчини е нов селектор на репрезентацијата на Италија. 

Искусниот и трофеен стратег потпиша двегодишен договор со Фудбалската федерација на Италија, а официјалната промоција ќе ја има утре. 

Тој ќе го наследи Џампјеро Вентура, под чие водство „аѕурите“ доживеаа дебакл во мундијалските квалификации и не се пласираа во Русија.

Манчини предвремено го раскина договорот со Зенит и се откажа од цели 13 милиони евра, само да седне на клупата на Италија. 

За него ова ќе биде прво селекторско искуство во богата тренерска кариера во која ги предводеше тимовите на Лацио, Фиорентина, Интер, Манчестер сити, Галатасарај и Зенит.