Од таборот на Вардар се прашуваат: До кога вака?

Шкендија го совлада Вардар во дербито на колото во ПМФЛ, но „дамка“ врз натпреварот фрли регуларниот гол на Филип Најдовски, за кој судиите оценија дека топката не ја прешла гол линијата, иако беше пола метро во голот. 

Од вардаровиот табор се прашуваат „До кога вака“?.  Сомнителна ситуација имаше и на минатото дерби помеѓу овие две екипи која одново беше досудена во корист на Шкендија, па очигледно на Вардарци им „пукна“ филмот.