
Њукасл летово ќе потроши 450 милиони евра за да ја прекине доминацијата на Сити!
Црно-белите истовремено сакаат да се вмешаат и во борбата за титула, односно да ја прекинат доминацијата на Манчестер сити, за што ќе им треба нов тим од 11 ѕвезди. Прв на листата желби на менаџерот Еди Хау е капитенот на Тотнем, Хари Кејн, за кого се заинтересирани и многу други екипи, пред се Манчестер Јунајтед. За него се планирани скоро 100 милиони евра, за нешто помалку се подготвени за потписот на Нејмар, кој исто така летово ќе си замине од ПСЖ.
Најскапата петорка на трансфер-целите на Њукасл ја комплетираат Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Жоао Феликс и Џејмс Медисон, кои заедно вредат околу 140 милиони евра.