Ниту Барселона, ниту Реал: Трет клуб е најблизу до Нејмар

Трансфер-сагата на Нејмар летово треба да биде решена во следните десетина дена. Тој нема намера да игра за ПСЖ следната сезона, па сега прашањето е каде ќе ја продолжи кариерата. 

Се чинеше дека Реал Мадрид и Барселона се најблизу до ангажман на Бразилецот, но вечерва шпанскиот весник „АС“ открива дека всушност ПСЖ преговара само со Јувентус.

Наводно, спортскиот директор на „светците“, Леонардо е во постојан контакт со Фабио Паратичи, директорот на италијанскиот шампион. Понудата на „Старата дама“ е 37 милиони евра годишна плата, идентична како во ПСЖ.

Јувентус е подготвен во Париз да го испрати Пауло Дибала и да плати нешто повеќе од 100 милиони евра за да го добие Нејмар.

Во следните неколку денови многу работи треба да бидат појасни околу трансферот.