Нејмар конечно откри зошто сакаше да си замине од ПСЖ

Бразилскиот фудбалер Нејмар направи се што можеше за да го напушти ПСЖ ова лето и да се врати во Барселона.

Нејмар пристигна во ПСЖ пред две години за неверојатни 222 милиони евра од Барселона, но сфати дека направил голема грешка. Бразилецот сакаше да се врати во каталонскиот гигант ова лето, но „парижани“ ги отфрлија сите понуди.

ПСЖ не сакаше да ја изгуби оваа битка, па од клубот изјавија дека Нејмар едноставно не бил за продажба. Бразилецот доби големи свирежи од навивачите на ПСЖ, кои сигурно ќе го следат во текот на целата сезона.

Сепак, во интервју за магазинот „Отро“, Бразилецот објасни зошто сакал толку многу да го напушти тимот од Париз ова лето и да се врати во Барселона.

Кога не сте задоволни без разлика каква работа се обидувате да направите, сакате промена и ново место каде повторно ќе бидете среќни и задоволни. Ова е она што се обидов да го направам, но на крајот останав тука. Како што реков претходно, ќе дадам се од себе во дресот на ПСЖ. Сега е се во ред и среќен сум. Ја започнав сезоната добро и тоа е најважното. Сакам да му помогнам на тимот да освои што повеќе трофеи оваа сезона, истакна Нејмар.