Навивачите на Тотнем фрлаа отпадоци по Палмер, а по мечот тој ладно им се одмазди (ФОТО)
Тој постигна два погодоци од пенал, а одигра и севкупно фантастичен меч, па заслужено ја доби наградата за најдобар.
Во текот на мечот, при изведување на корнерите, Палмер беше гаѓан со пластични чаши и други отпадоци. Предметите не беа тврди, но беа многу, му оневозможуваа да изведе корнер.
Одмаздата стигна по мечот кога Палмер се сликаше со наградата за најдобар играч пред логото на Тотнем.