Најновата тетоважа на Нејмар е посветена на Барселона (ФОТО)

Првата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар, се пофали на социјалните мрежи со својата најнова тетоважа.

Новата тетоважа ја посвети на трофејот во Лигата на шампионите, која го освои со Барселона во сезоната 2014/15, а Нејмар во финалето во Берлин го постигна третиот погодок во победата над Јувентус од 3-1.

Интересно е дека Нејмар го истетовира овој трофеј само неколку дена пред гостувањето во Мадрид, кај најголемиот ривал на Барселона.

Шпанските медиуми пишуваат дека ова е уште една провокација пред меѓусебниот дуел.