Мурињо пред три години кажал: Имам пет крилни играчи, зошто ми е Салах?

Салах минатото лето стигна во Ливерпул за 43 милиони евра од Рома, а очигледно овој трансфер им се исплатеше многу на „црвените“.

Салах во 2014. година стигна во Челси од Базел за 16,5 милиони евра, додека тренер на „сините“ беше Жозе Мурињо, но Египќанецот не се прилагоди во тимот, па прво замина на позајмица во Фиорентина, а потоа во Рома во 2015. година.

Римјаните за позајмицата платија пет милиони евра со опција да го откупат неговиот договор на крајот на сезоната за 15 милиони евра, а тоа се случи.

„Тоа е лага која се кажува против мене и тоа е направда. Велите дека јас сум тој што го продал Салах, а вистината е спротивна. Јас го донесов и јас сум тој, кој кажа дека мораме да го купиме.  Но дојде млад, физички и психички неподготвен за ова ниво, а беше целосно изгубен во Англија. Го испративме на позајмица во Фиорентина. Челси сакаше да го продаде. Јас не го продадов Салах, но нема врска“, кажа Мурињо за „ЕСПН“.

Но англиските новинари одлучија да докажат дека Португалецот лаже. Најдоа стари текстови од 2015. година и ја најдоа неговата изјава.

„Ја гледам неговата иднина на друго место. Позајмица или трансфер, сеедно ми е, само понудата да биде добра. Имаме пет крилни играчи и на Салах му е подобро да не се враќа“, кажал Португалецот.