Мурињо одговори на обвинувањата за Салах и – го посрамоти Челси!

Најконтроверзниот менаџер Жозе Мурињо, кормиларот на Манчестер јунајтед се најде на жесток удар поради „утките“ кои му ги запелија навивачите во времето додека беше предводник на Челси – Кевин Де Брајне, Ромелу Лукаку и посебно Мо Салах.

Оваа тројка дојде во Челси во времето на Мурињо, но никој не доби шанса. Де Брајне беше во втор план, исто како и Лукаку, кој потоа дојде на барање на Мурињо на „Олд Трафорд“, но најголема прашина се крена околу Салах. Египќанецот дојде на „Стемфорд бриџ“ во 2014 година од Базел, а само половина година подоцна беше пратен на заем во Фиорентина.

Сепак, на обвинувањата кон Мурињо дека го избркал Салах, Португалецот има спремен одговор со кој – го посрамоти Челси. Мурињо доби отказ од Челси, додека Салах сè уште фигурираше како фудбалер на „сините“, а управата летото 2016 потоа го продаде на Рома, која една година подоцна за 42 милиони евра го испрати во Ливерпул, каде сега Египѓанецот брилјира (43 гола сезонава).

„Луѓето зборуваат дека јас сум тој кој го продал Салах, а всушност вистината е поинаква – јас го донесов Салах во Челси. Дојде како младо момче, кое психички сè уште не беше подготвен во целост. Не беше ментално подготвен, затоа што сè околу него му беше чудно и беше изгубен. Решивме да го дадеме на заем и тој веднаш сето тоа го прифати. Сакаше да игра, да созрее, сакаше да оди и затоа го пративме во Фиорентина. А, таму во Фиренца почна да созрева. Челси потоа одлучи да го продаде. Во ред? Кога велат дека јас сум тој што решил да го продаде тоа е лага. Јас го купув и јас решив да го дадам на заем, затоа што сметав дека е тоа неопходно“, изјави Мурињо за „ЕСПН“.

Мурињо ќе се соочи со својот поранешен клуб Челси во финалето на ФА-Купот каде Манчестер јунајтед или „сините“ со трофејот барем малку ќе ја спасат сезоната во која влегоа со големи амбиции.