Мурињо: Го направив невозможното во Рома, затоа ми дадоа отказ!

Жозе Мурињо тешко го прифати отказот од Рома, Португалецот уште не може да се помири со тоа, што се гледа од неговите изјави.

Мурињо во првата сезона на Рома ѝ го донесе трофејот од Конференциската лига, во втората ја однесе во финалето од Лига Европа, а во текот на третата доби отказ.

„Има работи кои се прават кои се нормална последица на ситуацијата. Колку помалку услови имате, толку повеќе заслуги имате кога ќе победите“, вели Мурињо.

„Во Рома беше невозможно да се достигнат две европски финалиња по ред, јас тоа го направив, затоа ме отпуштија во третата година“.