
Мота го прекина молкот по отказот од Јувентус
Мота по отказот реши да го прекине молкот и да се заблагодари на довербата која му била дадена од страна на Јувентус.
„Секогаш давав сè од себе. Сакав да се подобруваме од ден во ден. Благодарност до управата која ми даде шанса и поддршка. Исто така, сакам да се заблагодарам на сите во клубот за вложениот труд и посветеност од првиот ден. Им посакувам сè најдобро“, кажа Мота.
„Старата дама“ по 29 одиграни кола се наоѓа на петтата позиција со 52 бодови, односно 12 помалку од лидерот Интер.