Милано беше црно-син, фановите на Интер го преполнија плоштадот - се славеше Скудетото! (ВИДЕО)
Радоста на навивачите беше голема, по последниот судиски свиреж тие во огромен број се собраа на плоштадот пред Катедралата и го прославија големиот успех. Втора ѕвездичка на дресот поради 20. титули во Серија А. Сега имаат една повеќе од Милан. Се славеше до раните утрински часови.