Милан за пет години загуби речиси - пола милијарда евра!

Италијански „Кориере дело Спорт“ ја анализираше финансиската состојба на Милан и предупреди дека „росонерите“ на крајот на месецов ќе загубат уште 100 милиони евра.

„Росонерите“ ја очекуваат пресудата, откако испратија жалба до УЕФА, која ги казни поради кршење на финансискиот фер-плеј, но дури и да бдие позитивна, тука нема да биде крајот за проблемите на клубот од „Сан Сиро“.

УЕФА подготвува нов случај за дополнителни прекршувања на правилата од страна на Милан, па јасно е дека ситуацијата е многу нестабилна.

Милан за три години смени три сопственици. По Силвио Берлускони во клубот пристигна Јонгхонг Ли, а по финансиските проблеми клубот го презема „Елиот менаџмент“.

За да биде полоша работата за Милан, финансиската загуба од година во година е поголема и така Милан во претходните пет години загубил неверојатни 413 милиони евра.

Поради финансиските проблеми Милан летово мора да го намали својот буџет за засилувања, па клубот сака да се ориентира на продажба на фудбалери за да оствари профит во следниот период.