Милан во проблем, новото засилување го чека пауза - скрши прст!

Екипата на Милан се соочи со проблем, повреда заработи новиот напаѓач, Никлас Фулкруг кој во овој преоден рок пристигна на позајмица од Вест хем.  

Германскиот центарфор си го скршил прстот на ногата во натпреварот против Фиорентина, па така ќе мора да отсуствува во наредниот период.

Според првичните проценки, Фулкрог ќе биде надвор од теренот најмалку две недели, а натпреварот со Фиорентина за него беше трет во дресот на Милам. 

Тренерот Масимилијано Алегри му даде доверба во стартниот состав уште во вториот настап, па Милан сега се соочува со проблеми во офанзивниот дел од тимот. 

Фото: EPA