Милан создава силен тим: СМС сѐ поблиску до потпис со „росонерите“

Италијанскиот гигант Милан, откако доби ново раководство полека почнува да засилува на тимот од минатото. Пред сѐ тоа се должи на Леонардо и Малдини кој раководат со трансфер политиката на тимот. Двоецот заврши одлична работа со доведвуањето на Пјонтек, а сега тргнува по нов играч од Калчото - Сергеј Милинковиќ-Савиќ. 

Милан за услугите на Милинковиќ-Савиќ беше заинтересиран и минатото лето, тогаш се шпекулираше дека „росоњерите“ понудиле 120 милиони евра, но претседателот на Лацио, Клаудио Лотито бил дециден дека Сергеј не е на продажба. Леонардо кој е вистински мајстор за одлични трансфери е огромен љубител на играта на српскиот интернационалец. Бразилецот дал ветување до управата на Милан дека ќе стори се што може за да го доведе на „Сан Сиро“.

Италијанскиот гигант ова лето ќе прави реконструкција на средината на теренот, на неколку играчи им истекуваат договорите, па во Савиќ гледаат идеален фудбалер за лидер на тој дел од теренот.