Милан наскоро го претставува новиот тренер (ФОТО)

Италијанските медиуми утринава пишуваат дека Марко Џампаоло ќе биде официјално претставен како нов тренер на Милан.

По уште една сезона во која не беше изборен пласман во Лигата на шампиони, Џенаро Гатузо си ги спакува куферите и замина од „Сан Сиро“, но потрагата по негова замена не траеше долго.

Џампаоло веќе неколку дена се наоѓал во Милано и е подготвен да потпише двегодишен договор, а пречките во реализацијата на договорот беа отстранети денеска, откако Сампдорија го ослободи тренерот.