Менхенгладбах го торпедираше Мајнц за второ место во лигата (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од осмото коло во германската Бундеслига, играчот на Борусија Менхенгладбах убедливо го победија Мајнц со 4-0.

Џонас Хофман ја најави победата за домаќините уште во 21. минута, но во првото полувреме мрежите останаа да мируваат.

Сепак, во вториот дел Хофман постигна хет-трик, а во листата со стрелци се запиша уште и Торган Азар.

Во моментов, Менхенгладбах се наоѓа на втората позиција во Бундеслигата со 17 освоени бодови, односно три помалку од лидерот Борусија Дортмунд.