Мбапе одбил понуда од 700 милиони евра!?

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе летово ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во Реал Мадрид, но имал уште неколку понуди, меѓу кои едната изнесувала 700 милиони евра.

„Диарио Спорт“ пишува дека новиот газда на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф нудел 700 милиони евра за потписот на Мбапе. Французинот требало да добие бонус од 200 милиони евра за потпис на договор, како и годишна плата од 100 милиони евра за следните пет сезони.

Мбапе, сепак, сакал да потпише за Реал Мадрид каде што ќе се пресели откако ќе му заврши соработката со парижаните на 30 јуни годинава.