Марсеј им се врати на победите: Бенедето со хет-трик го расплака Ним (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј им се врати на победите во француската Лига 1, откако денеска триумфираше со 3-2 против Ним во 27. коло.

Ним поведе по само пет минути и тоа преку Ферхат со 1-0, по што следеше шоу на Дарио Бенедето кој постигна хет-трик.

Аргентинецот во првото полувреме погоди двапати за пресврт (2-1), додека хет-трикот го комплетираше во 69. минута, по што Ним намали на 2-3 во самиот финиш.

Марсеј останува втор на табелата со 55 бодови, односно десет помалку од првопласираниот ПСЖ и 11 повеќе од третопласираниот Рен.