Манчестер јунајтед „осакатен“ за дербито против Челси

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг призна дека се соочува со големи проблеми пред дербито против Челси.

„Црвените ѓаволи“ имаат најмногу проблеми во одбраната, а Тен Хаг кажа кои пет фудбалери ќе паузираат во следните недели.

Надвор од конкуренција за дербито против Челси се Ентони Марсијал, Лук Шо, Тајрел Маласија, Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф.

Челси и Манчестер јунајтед играат в четвток од 21.15 часот на „Стемфорд бриџ“.