Манчестер јунајтед го краде договорениот трансфер на Лион

Тајрел Маласија би можел да биде првото официјално засилување за Манчестер јунајтед ова лето. 

Се работи за лев бек од Феенорд, кој беше пред потпис со Лион. Младиот 22-годишен фудбалер се договори со францускиот тим, но во последен момент се појави Јунајтед со подобра понуда. 

Премиерлигашот ќе понуди 15 милиони евра обештетување плус бонуси. Овој фудбалер би дошол на „Олд Трафорд“ на инсистирање на новиот менаџер Ерик тен Хаг.

Маласија целата своја кариера ја игра во тимот од Ротердам, а веќе има и пет настапи за сениорската репрезентација на Холандија.