Лидс „меле“ во Премиерлигата, Алиоски доби минимална минутажа (ВИДЕО)

Повратникот во елитното прекиерлигашко друштво, екипата на Лидс, дојде до вториот триумф во третиот меч од новата сезона, откако денеска, како гостин, беше подобар од тимот на Шефилд Јунајтед (1-0).

Добрата игра беше крунисана дури во 88. минута со погодокот на Патрик Бамфорд. Гостите ја имаа контролата врз играта и беа далеку поопасни, по што со деветиот шут, конечно, ја начнаа мрежата на домаќинот.

Алиоски, кој влезе во последните моменти од мечот и неговите соиграчи сега се насочуваат кон големиот предизвик што ги очекува следниот викенд, а тоа е пресметката со Манчестер Сити.