Легендарниот турски голман се бори за живот: Рушту Речбер приклучен на респиратор!

Рушту Речбер, легендарниот голман на турската репрезентација, пред неколку дена беше позитивен на опасниот коронавирусот, кој направи хаос во целиот свет. Состојбата на чуварот на мрежата е влошена и тој во моментов се наоѓа во критична ситуација.

Речбер беше веднаш пренесен во болница каде што се бори за неговиот живот. Приклучен е на респиратор, а јавноста за неговата здравствена состојба ја известува неговата сопруга и турските медиуми.

„Шокирани сме колку брзо се разви неговата болест“, кажа Исил Реџбер, која му го пренела вирусот по враќањето од САД.

Речбер во минатото бранеше за Барселона, Фенербахче и Бешикташ, а со гордост го чуваше голот и на неговата татковина.