Лапорта поднесе оставка од претседателската позиција во Барселона
Лапорта мораше да се повлече од позицијата за да може да ја почне кампањата за изборите за нов претседател кои ќе се одржат на 15 март.
Во неговиот мандат се случија многу работи во Барселона, меѓу кои беа заминувањето на Лионел Меси, реновирањето на „Камп Ноу“, но и стабилизирањето на финансиската ситуација во тимот по лошиот период.
Ова значи дека во иднина дека останатото раководство ќе се грижи за Барселона до 30 јуни, по што новиот тим ќе ја преземе функцијата од 1 јули оваа година.