„Кралевите“ конечно попуштија: Роналдо заминува за „само“ 120 милиони евра!?

Шпанските медиуми пишуваат дека иднината на Кристијано Роналдо е неизвесна и дека не е познато дали ќе остане во клубот.

Роналдо ја почна лошо минатата сезона, но од почетокот на 2018. година се потруди многу повеќе и успеа да стигне до врвот на листата со најдобри стрелци, а со Реал ја освои и Лигата на шампиони.

Сепак, по победата во финалето на Лигата на шампиони против Ливерпул, Роналдо кажа дека би можел да замине летово од екипата на „кралевите“.

Тоа го вклучи алармот кај голем број екипи, а почнаа веднаш шпекулации дека Португалецот сака да се преслеи во Премиерлигата, односно во Манчестер јунајтед.

Според најновите тврдења, Португалецот повеќе нема откупна клаузула од милилјарда евра, туку од само 120 милиони евра.

Наводно, се договори со „кралевите“ за намалување на откупната клаузула и сега му е отворен патот за заминување од клубот.

Сепак, оваа сума не важи за шпанските екипи, како и за ПСЖ, па тоа го насочува Роналдо само кон една дестинација, а тоа е – „Олд Трафорд“.