Корона и во Барселона - еден фудбалер позитивен

Коронавирусот влезе и во Барселона, но не во тимот кој во Лисабон задутре ќе игра со Баерн Минхен во четвртфиналето, што е добра вест во лошата со појавата на опасната зараза во таоброт на шпанскиот гигант.

Барселона објави дека девет играчи кои ја почнале предсезоната после тестирањето со ПЦР-тестови, еден бил позитивен, но асимптоматски и дека истиот е во добро здравје, но е во карантин.

Шпанскиот великан не објави кој е заразен, но потенцира дека е во постојан контакт со здравствените власти. Експресно сите што биле во контакт со заразениот се испратени на тестирање и изолација додека не се потврди дека се негативни.

„Фудбалерот не бил во контант со тимот кој треба да замине во Лисабон за четвртфиналето од Лигата на шампионите“, објави Барселона.