Консеисао тргна да се пресмета со капитенот на Милан (ВИДЕО)

Милан на неверојатен начин ја победи Парма, со два гола во судиско надополнување, а по мечот се случи вистински скандал на „Сан Сиро“ во кој учествуваа тренерот Сержо Консеисао и капитенот Давиде Калабрија.

Камерите ги снимија жестоките сцени на теренот, кога Консеисао ги загуби нервите и имаше нешто да му каже на неговиот фудбалер, по што мораше да интервенираат и останатите за да се не случи физичка пресметка.