Клоп е главен кандидат за тренер на Реал, ама има два услова
Првиот е дека сака целосна контрола врз трансферите, а вториот е клубот да се ослободи од двајца фудбалери.
„Јирген Клоп бара од Реал Мадрид да му даде целосна контрола врз трансферите, доведувањето и продажбата на играчи. Дани Карвахал и Ферлан Менди се играчите што тој не ги сака во тимот“, се наводните барања на Германецот, тврдат шпанските медиуми.
Сепак, нереално е да се очекува, доколку одлучи да ја прифати работата, дека ќе има целосна контрола врз трансферите покрај Флорентино Перез. Претседателот на Реал е одговорен за апсолутно сè, а таква автономија немал дури ни Жозе Мурињо.