Касемиро: Анчелоти почна да плаче кога му кажав дека си одам од Реал Мадрид!

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Касемиро раскажува за разделбата со Карло Анчелоти кога го напуштал Реал Мадрид.

Вели дека кога го видел Анчелоти како плаче, тогаш единствен пат се посомневал дали треба да замине.

„Анчелоти почна да плаче кога му реков дека ќе си заминам од Реал Мадрид“, открива Касемиро.

„Сѐ беше договорено со Манчестер јунајтед, па решив да влезам во канцеларијата на Анчелоти и да му кажам, тој почна да плаче“.

„Ми рече: „Касе, не знам.. сакам само да знаеш дека те сакам и не сакам да си заминеш“.

„Тоа беше единствениот момент кога се посомневав дали да заминам од Реал Мадрид. Беше многу тешко, исто така бидејќи претседателот Флорентино Перез не сакаше да ме пушти“.

„Сакав да пробам нешто ново во Манчестер јунајтед, но се уште навивам за Реал и страдам за време на натпреварите. Секогаш ќе го сакам Реал Мадрид, тој е дел од мојот живот“.