Капело: Тухел мора да реши два проблеми на Англија пред Мундијалот

Поранешниот селектор на Англија, Фабио Капело смета дека актуелниот тренер Томас Тухел се соочува со одредени проблеми пред почетокот на Светското првенство (СП).

Италијанскиот стратег откри два проблеми кои ги има „Гордиот Албион“ и кои Тухел мора да ги реши ако не сака да има главоболки за време на Мундијалот.

Капело, кој ја тренираше Англија од 2007 до 2012 година, смета дека ѕвездите на тимот се исплашени и изморени и тоа се големи проблеми за Тухел.

„Тоа се големи проблеми за Англија. Фудбалерите се исплашени и изморени. Селекторот мора да ги реши тие две работи пред почетокот на Мундијалот“, кажал Капело.